по (предл.) - дрвен (прид.)

Бојана летна по дрвените скали и извика: - Аман, докторе, спасувај!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Наоружан до заби со пушка, тешки куршуми нанижани преку градите, му удира по дрвената маса, на која се потскокнуваше тресејќи се, а момчињата од четата, повторуваа по него согласувајќи се со секоја негова мисла...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Куршумите свиреа удирајќи по дрвените самари на коњите одбивајќи се од нив.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Братучедите, Србин и Шишман по него, влегоа во куќата и се искачија по дрвените вртени скали на катот каде што ги пречека војникот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Долгите кловновски чевли бијат по дрвениот под како по барабан.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
По дрвени клинови, по шајки исковани по штиците и диреците, висеа везеници црвен пипер, лук, кромид, врзопки од некакви суви, лековити треви од кои дедо му си вареше чаеви.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Безволно се качував по дрвените скали, жолти и разјадени од жива сода.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Татко ми, следен од Чанга, се искачуваше по дрвените басамаци што водеа до чардакот, а од дворот не стивнуваше нашата песна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Куртиш ага слегуваше по дрвените скали. О, како да го гледам сега! А каков човек беше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)