по (предл.) - војнички (прид.)

Таа бавно ги поткрена очите од чорапата што ја плетеше со пет игли и со конецот на вратот додека клопецот со преѓа шеташе по војничката чинија од алуминиум.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во тој пекол најпосле го видов сиот наш несреќен живот, војната, темните војски, познатите и непознатите мртви по полињата, по патиштата, по војничките камиони, покриени со шаторско крило, мислевме дека спијат, будали дечишта што крадевме бомби по војничките камиони; потоа пред очи ти е домот, тажната смрт на ѕвонарот, добрата мајка Верна Јаковлеска, стрикото Лентеноски, неколкуте ошумоглавени бегалци, татенцето, неговата црна судбина, другарката Оливера Срезоска, старо, несреќно девојче, нашите кутри учители и воспитувачи, Трифун Трифуноски, неговата болна, темна душа, благородна, светла, о, се колнам, тоа беше патот што водеше кон Сентерлевиот рид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
(Ете, тоа беше нејзиниот успешен изум: преѓата да не се валка по земјениот под).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)