по (предл.) - висок (прид.)

Некои се тргаа, а некои се криеја зад камењата и ѕиркаа, а децата се качуваа по дрвјата и по високите карпи да гледаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сигурно негде по високите планински врвови, кои уште од есента беа забелени, ноќва напаѓал нов снег, па неговата студена миризба се шири по планината, им се заканува на сѐ уште црните ридови, кории, долини.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како и многу други поборници на легализацијата, Бендоу се обидува да го преувеличи придонесот на криминализацијата во разорните последици на наркоманијата, како што се криминалот и „вовлекувањето“ на младите во недозволена трговија со дрога, така што го набљудува како незвисен фактор.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Северниот ветер сега имаше голем помошник во ноќта и во нејзиното заладување; седеше тој сега раскочоперен на заблескотените сртови во далечината, самоуверен и остер во синикавите, разискрени ѕвезди по високата цибрина, но јасно беше дека тоа е само еден привид.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој очигледно смета дека кривичните дела сторени од страна на наркоманите главно или во потполност се предизвикани од потребата да купуваат дрога по високи цени на црниот пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А кога денот се прикраде пак во неговиот прозорец со онаа негова нерешителна виделина, во која будењето траеше долго, првото, што успеа да го открие, беше едно малечко, питомо главче, со две долги увца, кои по својата боја и по тоа како беа порастени многу потсетуваа на два листа од една мека тревка, што расте по висовите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Немам причина да измислувам, сѐ што реков и вистински се случуваше, а јас дури и се обидував да ѝ ја задржам раката на Катерина во мојата за да не мавта бидејќи светилката во собата гореше и нејзиното однесување веројатно се чинеше неприлично: девојка, само делумно покриена со лесни ноќни парталчиња, им мавта на поетите наседнати по високите гранки!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)