по (предл.) - ваков (прид.)

Имајќи го на ум ноќешниот разговор со Лазора Перуноски, дека може Хаџи Ташку и дружината се кријат на чифлигот јали Муслиоски јали Мустафовски, рече Најарно е, Тахир бег, ние првин да извидиме дали ајдути ни се кријат кај некого овдека, во Потковицата, без тој да знае, јали во плевната, јали во копите, зашто и ајдутите не се баш толку мажи па да ајдутуваат по вакво време, и тие носат еден живот, а не повеќе, и нив може да ги замрзне студ јали волци да ги раскинат, а потоа, ако не ги фатиме овдека, ќе тргнеме во потера по нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пајтонот, направен во Виена со тајно место за динамит, лажните руски благородници го оставаат бездруго на погрешно место, зашто по експолозијата, со која се прекинува шепотењето на некоја сура од Коранот, ни на крвавиот султан, најкрвав за Ерменците по ваквото утнување, ни на ичоганите, пашите, капудан-пашите, улемите и сите други големци не им се случува ништо; тие остануваат бледи, збунети и живи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
По ваква парадигма на вистинското пријателство трагав и во моите дипломатски години.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Мајката, лошо време. Ниту волк по вакво време од дувло муцка не помрднува...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Монтењ, тврдејќи дека можел да се смета за среќен и оној којшто успеал да се најде само во сенката на еден вистински пријател, сепак ја објавува својата формула за феноменот на пријателството: Бевме пријатели зашто тој си беше тој, затоа што јас си бев јас! (Parce que c tait lui; parce que ctait moi!)
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Нема да излегуваш, нема да излегуваме? - Не ми се излегува. По ваков ден, каков што имав.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Наутро, по ваквите ноќни разговори, тој зборува тихо а гледа далеку. По неговото чело шетаат сенки.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И веднаш да речам: по ваквиве необмислени истрчувања секогаш настапуваа најдолгите часови на неговите отсуства. Колку бев лековерна!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)