по (предл.) - џеб (имн.)

Несвесно Соколе се побара по џебовите за очилата, да види подобро, но веднаш се сети со кого е и тргна напред.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дајреџијата запре. Удри уште посилно со раката по џебот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сред сета онаа арогантна турканица, таа ми праќаше охрабрувачки погледи,со неприкриена нотка на сожалување, што ме натера, токму на полноќ, откако буричкајќи по џебовите најдов две згужвани, испотени, но се уште читливи хартиички, да скокнам од мракот, си истуркам пат и лежарно му го земам микрофонот на едниот од гласноговорниците дркаџии.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Штом ќе ја сетеа по кроткоста и тишината која пред неа одеше, ќе ја оставеа работата дуќанџиите, пиљарите и касапите, коларите и браварите, ќе брцнеа по џеповите и ќе ѝ подадеа некоја паричка како за среќа, како камче против чинка, како прав против урокливи очи и баксузлии жени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нејсе, по уводот за материјалната состојба, недвижнини и друго, политичката припадност како бајаги важна за основање на една врска, сексуалните способности - самооценети како брилијантни, ликов поминува во експлицитно прикажување на она што има по џебови, придружено со сликовито објаснување како доаѓа до купчиња евра, денари, франци, распоредени во различни џебови од мантилот и костумот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Прво се тргна Мече и почна збунето да се брка по џебовите, мрморејќи нешто неразбрано, како да не знае кај ја ставил карта.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Го вадам прстенот, шуркам по џебовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Собрав сѐ што имав по џебовите и го фрлив во огнот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе чита ли некој? Книгата беше стара и распарчана, со жолти и нагорени страници, истуткана од носење по џебови.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Почна да бара нешто по џебовите и токму кога имаше намера да го праша нешто минувачот што брзо чекореше крај него, јас му свикав: - Дедо, дедо, што правиш во ова време овде?!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Собираше по џебовите ситни пари зашто крупни немаше, мислејќи се што да купи: за весник беше доцна бидејќи се стемнуваше и веќе се палеа уличните светилки, а цигари ретко палеше освен во друштво.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Луѓето излегуваа како од конференција: мажите веќе олабавувајќи ги вратоврските за да ги одглават штом ќе излезат и да ги испопикаат по џебовите, пред да седнат во маалската меана на вечерна партија табла, карти или домино; жените одолжувајќи го моментот кога нерадо ќе се приберат дома да ги заменат фустаните за излегување со престилки во кујните.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По манирите или по џебот, според тоа како го вадат лебот?
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Додека попот штракаше со кадилницата над ковчегот од Мил и му читаше молитва, слепата Донка рошна по џебовите и извади една книжна пара за да ја стави на иконата на Св. Богородица; парата ја жулкаше со рацете, ја меткаше, постоја малку со неа в рака како да се двоуми, а потоа ја стави на иконата; алкајќи со прстите, ги собра ситните железни пари што ги имаше на иконата ги стави в џеб.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Неделко Сивески седна до меѓата, со нозете в бразда, и почна да се бара по џебовите, по пазуварките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некој, како Гоше Љубин, пребаруваат по торбите, по џебовите, по пазувите од мртвите. 68
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)