по (предл.) - работа (имн.)

Другиот ден, пред самиот ручек, ќе го симне грнецот од оган, ќе го извади поклопот, ќе му тури потпршка, троа брашенце и црвена пипер, и - ете ти јадење од кое немаа најаска силниците кои доаѓаа, божем по работа, уште одвечер во Потковицата и заповеда да им се зготви утре за ручек чомлек.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оние излезените во полето по работа, се сретнуваа на кладенците, на поилата за добитокот, каде што намерно одеа да киснат `рженица за јажици, на бунарите во бавчите, во колибите по бостаните и итро избегнувајќи да се определат за едната или за другата страна си докажуваа едни на други дека кога-тогаш меѓу скараните ќе дојде до отворено крвопролевање, а оние, што беа останати во селото, редовниците, старите и болните, за неа дознаа од децата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Презимуа ли бре, брат Толе? — срдечно го дочека попот и му ги изнесе неговите комитски алишта, пушката, пиштолот и дулбијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
12. Со кревањето на аскерот од Мариово и со разубавување на времето им се отворија очите на сите селани, а особено на Толета. Селаните тргнаа по работа, та реши и Толе да „излезе на работа“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Господинот по работа е дојден овде, по трговија?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Му го кажа името на едно место на кое ќе можат да се сретнат по работа, по четири дена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Каде си тргнала, мори? - Одам по работа. - По работа?!
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тој рече дека имал некоја стрина по име Цвета; дека била фризерка и дека имала дуќан во центарот на градот; дека како дете редовно наминувал кај неа во дуќанот, а таа по работата, откако ќе го затворела дуќанот, го водела дома и му мачкала едно парче леб со жолт путер; таква жолта боја никогаш веќе во животот немал видено, ниту пак некогаш повторно во животот сетил таков мирис.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ТЕОДОС: Не можам, сум кинисал по работа. (Се стресува.) Уф! Ме покваси!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Сиот ме направи жива вода! Ракавите ми ги наполни! Да не е и тоа адет, да не е и тоа ред?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Во тоа време сите куќни луѓе биле по работа в поле, само Босилка била дома и како што си го низала ѓерданчето, го оставила на ругузина па станала да ги види в куќа свињите, нешто пакост да не сторат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
При секој погреб, музиката одеше напред, по неа децата со бајрачиња, па попот; по попот мртовецот, а по него фамилијата гледајќи в земи, подофнувајќи си и придржувајќи се под мишките еден со друг; зад нив одеа роднините, блиските, потшепнувајќи нешто меѓу себе за клетата судбина на покојниот и издивнувајќи, по нив одеа подалечните пријатели и роднини, зборувајќи дека овој живот е ништо, ветер, сон, дека еден ден и нив ги чека ова; најодзади, раштркани без ред, чекорат, се влечкаат далечни пријатели, познајници, соседи, луѓе што од грев или милост дошле, зборуваат гласно меѓу себе за сè и сешто: за злобноста на овој свет, на овој живот, за лакомштијата на луѓето, за глупоста, за јаландуњата за лажовниот век; ја прекинуваат поворката кај што сакаат, стрчнуваат во продавницата да купат нешто, и пак се враќаат, клоцаат со нозете и по добиците што рикаат и се мешаат со поворката, се пулат во жените што запрегнати во кошулите перат алишта на езерото; разговараат за војните, за времето, за бериќетот; носат срп или вила со себе, и штом ќе стигнат до црквата, не чекаат да го стават мртовецот в гроб, туку се распрснуваат кој каде по работа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Седеше и гледаше надолу кон селото, кон куќата и оџаците што започнуваа да чадат, кон луѓето што се распрснуваа на сите страни по работа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Каде ќе одите? АЦО: По работа.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
АНДРЕЈА: Мамо, јас одам. МАРИЈА: Каде сега и ти? АНДРЕЈА: По работа. Така излезе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
По цела ноќ гори кандила во нивното заградено, наутро заминува со оние што одат по работа на индустрискиот колосек со стиснати книги во премрзнатите раце, а на пладне, враќајќи се од часови, останува на индустрискиот колосек или да фрла јаглен со лопатата од вагонот надвор или да реди дрва за огрев што вагоните ќе ги изблуат без никаков ред.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)