по (предл.) - однос (имн.)

Цела беседа истури ќатипчето по однос на воспитанието на каурите, а умот му беше во каурките, (да прават здраво живо со Турците и да фаќаат рака што е најглавно!).
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но иако Хегел во својот систем многу подробно го разработи учењето на развојот на светот и општеството, сепак по однос на општествениот развој не беше доследен.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
— Море, мирни калуѓери и на Велипеток прасе јадат; било та се рекло — одговори Јован и го ослободи Толета дека збор нема да испушти по однос на неговата посестрима Митра Брлева, што ја остави пред две три години во Софија, а која се врати и настојува да тргне со него како негов четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Белите бечви со црни гајтани, долгата козинава сакма и под неа кусата манлихера; убавите нови јанински опинци наполно одговараа на добро спремен четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од своја страна Велика Британија покажувала преголема чувствителност по однос на прашањето за југословенско-бугарска федерација и прашањето за обединување на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но не е важно дали јас имам и ќе имам доволно вода (иако знам колку е тоа тешко по однос на твоето доаѓање овде), посилен од тоа во овој момент е поривот во мене да преземам нешто што ќе биде важно за Маказар и за овие луѓе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Светлина што е убава, а убава е затоа што е убава во исто време во сите свои делови, затоа што е убава секогаш во исти односи и на ист начин, затоа што ниту настанува ниту исчезнува, ниту се зголемува ниту се смалува; затоа што не е во еден дел убава а во друг грда, ниту пак во едно време убава а во друго грда, ниту пак по однос на една ствар е грда а по однос на друга убава, ниту пак на едно место е убава а на друго грда, ниту пак за едни е убава а за други грда, туку сама по себе е убава сега, секогаш и во вечни векови, секогаш сама на себе подобна по форма, светлина што во себе го носи изворот на убавината: светлина, музика и боја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Она што возбудуваше во целата таа работа (а јас подоцна го најдов во една француска книга на еден познат антрополог, што ја купив во Париз, при едно гостување на циркусот), е што партијата на Луција нѐ врати назад, на едно порано еволутивно општествено скалило: во добата на примитивните, со транс и еуфорија опседнати општества, таканаречени дар-мар општества, каде основни форми на општествената комуникација се маската и трансот; пред тоа живеевме во таканаречено општество со книговодство, во кои мимикријата, маскирањето и занесот исчезнуваат (затоа комунизмот беше помалку жив, одвратно немагичен и црно-бел по однос на општеството што го градеше партијата на Луција) и се повлекуваат пред компромисот меѓу наследството и способноста, кои се два основни фактора што ја определуваат иднината на единката во тие општества.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Впрочем, тој брак беше сосема логичен и очекуван, но јас и ден-денес не можам да се ослободам од чувството дека во тој брак влеговме, и јас и Земанек, само за да немаме грижа на совест по однос на Јан.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да, се случуваше нешто слично барем по однос на она што е кажано во тие редови: „Минав три чудни денови: морето, плажата, патиштата, ми носеа сеќавања од други времиња.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Знам дека има некој расцеп во грчката партија по однос на македонското прашање, но не знам што да верувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оттогаш си стави копче на пис устата, како по операција на слепо црево, и се зарече да си го изостри јазикот по однос на разликата меѓу блажината на дотокот и блаженството на првотокот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога најпосле ги отфрлив алузиите што сакаше да ми ги припише нивната задоволна смеа, им објаснив дека моето интересирање по однос на облеката е упатено на можно откривање на некоја нивна особина која би се изразила дури и во тоа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)