по (предл.) - некој (имн.)

Веднати, тие се губеа во високо нараснатото жито и само одвреме-навреме по некој ќе се исправеше колку да излезе од заветот, каде што беше пеколно горешто, и да го фати малаксаното ветре.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сегашното име на Езерец му е дадено по некој си Петропулакис кој од островот Крит, како што гласат гласови, заедно со своите паликарја, повеќето поранешни затвореници, бекрии и козокрадци, дошол во Костурско да ја ослободува Македонија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По некои стројници ќе ти фалат, ќе ти фалат...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Од самовилите има уште по некоја жива.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)