по (предл.) - недела (имн.)

Ден по ден, недела по недела, месец по месец и првата година мина...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Седам и гледам како му излегува душата, му се извира. И, по недела маки, се предаде. Запре да му мрда и уста и снага.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пелагија се одзатна по недела две, веќе пролет и наместо во тутунскиот комбинат, таа работеше на довршување на зградата во која и живееше, со една друга кутра женичка во тезгере влечеа малтер до најгорниот кат, тогаш со едно пусулче беше викната да се јави во поштата и таму ѝ го вратија пакетот наменет за Димостена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И нѐ тепаа, коса и мустаќи ни корнеа по недели,и празници затоа што ова не сме го беселе на балкони - чардаци?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И стварно, по недела дена седевме со мали Џонсон, а јас глумев дека имам малтене готово сценарио што гарантира вртоглав милионски профит.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Кога си будала —будала остани си! He го потстисна ноа кучило ошче кога падна од кучката, токо, на ти сега сповојница, вечер наречници, по недела — кршчење, до година свадби, И .. . оп, ајде, Мишо, кревај си парталите од старата куќа, разметуј во новата, дели и воловите, овците, коњите!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)