по (предл.) - камен (имн.)

Машките повеќе од половина останаа пред крчмата и наседнаа по камењето, држејќи секој по едно ковенце од дваесет и пет драма ракија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ползеше и по нивјето додека мајка му работеше, гризеше тревки и растенија, гризеше земја и варовник, лижеше по камењата како овца по сол, обезбедувајќи си недостаток на калциум; го запознаваше животот околу себе фаќајќи и играјќи си со бубалки, црвчиња и секакви гадурии што му лазеа по рацете и нозете.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А денот пак се буди надоаѓа и расте чиниш се буди воденицата и некој го истурил јазот по камењето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ја правеше викендичката сам со години, со голем мерак и љубов, камен по камен, даска по даска.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Еден викенд отидовме во Маврово, во куќичката која ти ја правеше со голема љубов, со години, камен по камен, даска по даска.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Не знам дали поради нејзе или поради себе, сепак, го облеков новиот костим за капење и ги сложив колку-толку со марамата и пешкирот, па со децата се спуштив по камењата на влечки на плута за да добијам на висина, а со тоа и на виткост.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ги водиме балистите кај сточниот пазар, а таму еден вод борци ручаат по камењата, подадени од снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така и Силјан коњарецот, голема радост му се сврте на голема жалост, чунки од големата радост слегувајќи на земи не стори мукает да не го окрши шишето; да што рекле стари: "зла суправа – готова штета", така му се сторило и на Силјана, дека силно паднал на земи и го удрил шишето од каменот и го окршил парче по парче и водата се разлеала по каменот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Претседателот, сиот блед и изгубен во вратата, поцеден по муцката од маста од пржените јајца, што ги поручуваше, со касајот в уста, да го акнеш со тој чекич, истапен по камењата, што ги кршеше со него во ѕидањето и сиот бел од исушен малтер, ех, зошто не го стори тоа, зошто...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Додека некој од последните им викал на првите да побрзаат и да го повлечат редот со еден здив, оската на четвртата запрега пукнала насреде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Двоколката, сега само на едно тркало, се влечела малку со чкртање по камења и дупки и застанала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не дозволувајте да ве заведе прошетката низ примамливото зеленило и жуберкањето на потокот со глас на девица што слегува по камењата.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Арно ама, времето, војните и селаните од околината, сакајќи да ги потпрат ѕидовите од своите имоти, ја разурнале камен по камен, па сеќавањето на кулата се чува само во приказните...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Верувајте ми, Филипе, она што ни недостасува, тоа е природноста.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше обул едни нафиксани кондури и тропка по камењето. А кондурите светат. Огледало.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)