по (предл.) - заповед (имн.)

Додека некои од војниците, по заповед на садриазамот, ги ограбуваа куќите и со јатаган ја ловеа живината, тој, садриазамот, и другите високи военодостојници, исцуцулени во седлата на коњите, стоеја на плоштатката пред црквичката и беа силно завлечени и учудени од идиличноста на местото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа беа моите први мајсторски дела направени по заповед на командантот Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова ти го наредува власта, а власта никогаш никому не му останува должна", ми нареди Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе го направиш мртовечкиот ковчег како што е пропишано.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога се чу за тоа во Потковицата, Началството на Потковицата по заповед на Комитетот од Прилеп, плашејќи се за животите на преостанатите деца Младенови и Спасиини, двете веќе возрасни девојки, Марија и Акинија, ги омажи за свои луѓе од делот на Македонија под грчка окупација, во Солун, далеку од досегот на српските власти, а двете помалите, Софија и Нектена, ги испрати во Крушово, кај вујковците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Петре донесе и вода, и по заповед на Кулета, отиде да го удри клепалото, оти дури не удри клепалото, селаните не знаат дали е дојден попот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„На газда Спиро му должиме. Тој е претседател на Народниот Фронт.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)