по (предл.) - залак (имн.)

За прв пат јасно како острица на нож блесна во неговата глава - жив закопан, и се виде во тој блесок како се задушува, како попусто завива за помош, како по неколку дни, избезумен и гладен, ги забуцна забите во својата измршавеност и се кине залак по залак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја густирав со кејф, залак по залак, наливајќи ја со густо црно вино.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Му ги гледав движењата кога посегнуваше по леб - зема кришка и потоа не откршува залаг по залаг, туку ја крши само на две, и веднаш загризува.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Потоа жените со нејасно лице оставиле околу плочата по залак леб од пченично брашно и ја напоиле со вино земјата во која ги забуцале танките свеќички или боринчињата натопени во смола.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но коските под плочата таинствено молчеле наслушувајќи ги шепотите на мајките и примајќи ја животната топлина од допирот на нивните чела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како трудница се тетеравеше, час на едната, час на другата страна на брегот, поткопувајќи ги бреговите и секој миг грицкајќи по залак од плодната банатско-бачка рамнина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)