по (предл.) - жена (имн.)

Кога Бенвениста ја праша дали тоа значи дека Рафаил е во Нови Сад, мадам Мими студено ја погледна и ѝ ја кажа цената што изнесуваше цела кројачка дневница на вредниот Јехуда Давидовиќ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И ќе ти признам зошто. Пак поради таа пуста пичка. Многу сум лифен по жени. Си признавам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога ќе ти се пее - плачи. Кога ќе ти згреши жената - удри по децата; кога ќе ти згрешат децата - удри по жената.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Стариот Тиријц, чија жед по жена и во стотата била подеднаква на онаа кај вжештениот младич, јаделе месо (секако вкусно зачинето) токму од таков змиски мажјак, отепан во момент на најжестока јарост.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Одеше по жени да дознае нешто повеќе за него, отиде кај турска бајачка дојдена од херцег-Босна, а еден ден скришум ја посети Мадам Мими, еден медиум чии огласи за натприродни моќи, претскажувања, симнување магии, лек против уроци и наоѓање исчезнати, повеќепати читаше во весниците, додека во нив ги замотуваше завршените алишта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Никој не ми е крив, велам и одам по жени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Абре, од мене можеби ќе станеше нешто да не бев толку лифен по жени.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Офицерот, мајор бил, мераклија по жени и голем бекрија, им раскажуваше дедо на другите дедовци во селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)