по (предл.) - гробишта (имн.)

- Крстен е. Ќе го закопаме како што му доликува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нашата печалба некако стасуваше да се преранат браќата; продававме лилјаци уловени со мрежа в дувло, носевме крст на покопите, некои крадеа, некои веќе питаа по гробиштата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вооружен со научните императиви на социјалната антропологија, Вашер де Лапуж откопува на илјадници черепи по гробиштата на областа Еро за да го измери нивниот „кефален индекс“, па - по десет години теренски истражувања - на Ренан, кој мислеше дека може да прогласи дека „нацијата не е синоним за расата“, тој му одговара: „Ни во семејството ниту во нацијата не се стапува со проста одлука.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кај не се надеваш тука ќе го сретнеш: по ѓубриштата, во продавниците, по свадбите, меѓу кокошките, по гробиштата, првин тоа почнува да лае по некого.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Поапсивме што поапсивме. (Пауза) Михајло синоќа го фатиле како шета по гробишта.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И спрснав по гробиштата вдолж и попреку да барам кај ќе ме закопуваат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Сетете се, околу Ѓурѓовден по гробиштата селски лазат змии.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
се уште сме на свадби распеани по свадбите намќори замрморени сал туку лелекаме по гробиштата па ги забораваме мртвите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)