по (предл.) - греда (имн.)

Патем Евто го праша Трајчета: - Трајче, знаеш ли каде одиме? - Знам - одговори Трајче - по греди.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
По гредите на таванот над главата играше светлината со сенките, небаре духови кои час се подаваа, час исчезнуваа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
I Дождовите деноноќно врнеа; туриваа силно, поројно; не се знаеше што е небо, што е земја: споени беа, измешани, каша; урликаа реките, потоците, трапиштата, суводолиците; влечкаа од планините чакал, гнилеж, дрвја; се разлеваше водата низ селото ги поплавуваше дворовите, куќите, плевните, ќералите, кошарите, гаждарињата, бавчите, гумната, нивјето, трлата, елиците, стоговите, листовниците - поплавуваше сѐ; туфкаа луѓето не можејќи да излезат надвор, рикаше добитокот гладен, гракчеа кокошките бегајќи сѐ повисоко на кокошарниците и плевните за да не ги зафати водата што растеше; прегладнети удираа со клуновите по гредите и ќерамидите; кучињата пливаа низ водата влечкајќи удавени животинчиња за да се нахранат; гледаа тажно луѓето од куќите, од прозорците, гледаа во водата што растеше, во дождот што непрестајно паѓаше како да се истуриваше од некои небесни мориња; овошките во градините и дворовите стрчеа со ветките над водата како давеници што бараат помош; полесните предмети: сандаци, кошови, канти, каци и разно овошје, пливаа по водата, одеа каде што ги носеа брзаците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Нема, ама има врска со физичко, ако мајка ти влезе апансас во соба, а другар ти баш во моментот ти покажува како се прави мост, или скокање по греда.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Порано Бојан често ќе се вовлечеше во плевната, па ќе лежеше во сеното или ќе се катереше по гредите и одозгора се ѓувкаше во тој дебел, зелен мек душек.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)