по (предл.) - голтка (имн.)

Мајчина душичка - упатство за чај – Се пие вудве или насамо но не претерано често се зоврива, по правило покриен во земјени, бронзени или керамички садови, дома во таа топла и задимена чајџилница на прекипнувањето: преку, отаде, и пред тоа, и потоа; потпивнувај, загревај се додека е жежок додека си желна шмркај, шмукај (наши сме) напари се задржи го колку што можеш подолго в уста, шлапкај со јазикот миризливоста, сладоста и краснописот на длапката да ги сети-ш; дотурај пополека, измешај го со лажичката желба за чај – жалба за младост секоја планина – своја падина потсркнувај чај – Бах чај – Жар чајни печива мед и путер; чајот не се пие од-нога пиј кроце, голтка по голтка г’тка по г’тка меѓу редови.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Чашата тешко вино, која Рада ја пиеше голтка по голтка, како да сакаше да ја почувствува неговата моќ.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)