по (предл.) - време (имн.)

Кој ќе посведочи ако не ние за болките и чемерите, за плачот и лелекот, молитвите и солзите, за исчекувањата без крај, за пожарот, за викот и крикот, за ужасниот пораз, за откорнувањето и патиштата што сѐ подалеку нѐ водеа од дома и надежно ќе проречи дека по години и по времиња пак се ќе биде наше?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Постои тој остров, тој копнеж по времето небиднина и сон, неуловлива ѕвезда во нас само ‘рти неговото семе но тој расцутува дури на прагот од бездната.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Читањето на овој проклет расказ кај Чанга будеше кобно претскажување според кое, по времето на козите, може да дојде времето на волците.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)