по (предл.) - вкус (имн.)

Изведбата на Џоан Крафорд во Милдред Пирс очигледно е изведба што секој кому мелодрамата му е по вкус – односно, секој што не може да ги заземе, што не посакува и што не може да се стреми кон величието и престижноста на трагичната возвишеност – не може да не ја подражава или да ја преизведува. ‌Сигурно, ненадминливото подражавање на Џоан Крафорд на мајчинското мачеништво и абјектност не ги одвратило поненадарените исполнители да ја „играат“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кај женската сѐ беше во фасцинирачки димензии – и очите и усните и нозете, а колку што можев да перципирам, таа, по вкусот на Хорацио, беше очевидно напредна личност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И токму нејзината изведба, како што забележа Итан Морден, им буди на геј-мажите завист и очај.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа треба да си ги зачува своите интереси таму, па и ако тоа зачувување не ќе биде по вкусот на „самостојната” и „национална” политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во кошницата секогаш имаше свежи, вкусни бомбони и додека ни се топеа во устите, тетка ти и јас секојпат ќе помислевме во себе: кои бомбони биле први во кошничката, кога играчката била купена и на кои им се восхитува ѓаволчето, и како биле по вкус?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)