по (предл.) - барака (имн.)

Ај, не прави се удрена, ми вели, знам со каков копнеж ја бараше по вагоните, по бараките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вртам по бараките, наѕирам, се заѕирам: секаде ми се белеат острижените глави, небаре глуварчиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми беше рекол оти му се смачил животот по бараки и оној војнички казан од кој можеш да зафатиш со водата само ориз и моркови.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)