по (предл.) - сиот (зам.)

Кога дојде софрата за ставање, Доста стана, го зеде ѓумот и леанот од под ковчег, и, ни пет ни шест, по сиот домаќински ред и адет им тури вода на рацете на машките, ја зеде софрата; а да не поткрева веднаш во ноќвите, ѝ вели на Митра, која тукушто ја извади тавата од оганот: — Дај ми а, сестрице Митро, тавата, отвори го ковчегот и клади леб на синиата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И по сето гореречено ќе се најдат мнозина што ќе речат: Можеби вистина е дека ако немало досега македонска словенска народност, таа може да биде создадена од времето, особено од сегашните историски околности; вистина е оти Македонците по својот јазик не можат со право да бидат наречени ни Бугари ни Срби, ами се нешто одделно, т.е. претставуваат одделна етнографска единка, но пак – како ние сега можеме да се викаме Македонци и да создаваме одделна македонска народност, кога ние, нашите татковци, нашите дедовци и предедовци сме се викале Бугари?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа на огромни паноа, на ѕидиштата по сиот Келн е истакнат овој знак на келнската колонска вода, која овде се произведува многу години, поточно со векови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
— И по сето што го поминавте?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— И по сето што ќе дојде, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Прошетал по сето Коњарско поле и слегол дури на Врбјанско, крај блатото, та си се најал жаби, кауѓерици, скакулци и гуштерици.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ооооууууууу, ооууу, ооууу... А по сиот него, продирајќи и во најситната пора во неговото тело, натопувајќи ја секоја келија од него, пребликнуваjќи во секоја празнина од неговите болки, заплисна еден бран од некаква чудесна топлина, која што можеше да биде и болна но која прилегаше и на некакво наситено заплиснување со мед. Оооооооуууууууу...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега дури и помалку тонеше во снегот, а во колениците, место сета поранешна болка, сега се извиваше и една пријатна топлина, што се ширеше по сето негово тело и што му ги омекнуваше оловните јазли во секој зглоб.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го бараше со поглед по сиот снег наоколу, што наеднаш се усвитуваше вцрвенувајќи се, што се запалуваше од таа црвенина, престорувајќи ја целата планина во една огромна кристална свежина, на која слетуваа како румена пајажина нишките на зимното огревање на денот, а сѐ, до што ќе се допреа тие, стануваше еден рубинен одблесок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Луѓето го носеа на своите рамена по сиот тој длабок снег, што тонеше под нивните чекори, или чкрташе, смрзнат, него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
4. СЕКОЈ ДА СИ МЕТЕ ПРЕД СВОЈАТА ПОРТА - но ѓубре да не расфрла по сиот град така како да е нов претставник на старата сорта општествено битие: правам сѐ што сакам...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Неколкумина се свртеле кон волето во втората запрега чиј стопан останал да гори зад нив во плиток гроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неделко Шијак последен сфатил. Еднодушната мисла на другите се разлеала по сета негова снага.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По сето она што се случи, пред тато и мама се чувствував виновен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
(Потонува во неговата прегратка, најпосле, по сето грчевито барање.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)