по (предл.) - она (зам.)

Телето сосем го изуми. А и по она што му го рече чичко Добре, изгуби секаква надеж дека ќе го пронајде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одевме заедно назад крај брегот, по она што останало од некогашниот пат, бидејќи не беше тоа песочен брег, како кај природните езера.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Отиде по она утро кога облеков долги панталони, и сѐ можеби заради нив стана, заради тоа сокривање на моите изгребани коленици. Го одведоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стравот повторно се всели дома, во Козар маало, ако по она малку надеж, помисливме дека нѐ оставил.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нема извори на живот. Животот е извор што се пие себеси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)