по (предл.) - триесет (бр.)

Но во таа ужасна сиромаштија постоеја неколку големи, прекрасни куќи во кои живееја богатите луѓе кои имаа и по триесет слуги што се грижеа за нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Британските критичари, кои во дното на душата тешко му го простуваат доброволното заминување на Хичкок, совршено се во право кога и по триесет години со младешки жар ѝ се восхитуваат на Госпоѓата што исчезнува, но залудно е да се жали за она што поминува, за она што треба да помине.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се сетив на баба која и по триесет години од смртта на нејзиниот девер, сметаше за нужно да му ги направи сите редови што се носат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но стоел, сакал да ја види таа љубов, сакал да се види себеси по триесет и една или две години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Живееле во големи велелепни куќи со по триесет слуги, се возеле наоколу во автомобили и во запреги со четири коњи, пиеле шампањско, носеле цилиндри...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не сфаќал. Шеснаесет години! Премногу за маки на сирак, премалку сѐ да се знае.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)