откај (предл.) - улица (имн.)

Лево, откај улицата стоеше комбе а до него четворица работници во заштитнички облеки, маски и канти за прскање.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Доаѓале откај касарните, откај улиците, од бараките над Даночното.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нели, колку си поблизу, за да го видиш секој белег на лицето, толку ти е понедостапна и поневидлива опачината?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И јас, како и другине што поминуваат оттаму, ќе можам да ја видам само улицата со затворскиот ѕид што се чини сосема обичен. Ништо друго не се ни наслутува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ќе излезам одовде ќе наминам на улицана за да проверам низ кој мрачен трулеж истекува овој застојан смрад иако знам дека погледот откај улицата не е во состојба да наѕре во овдешниве посебности.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Човеков што дојде да ме поведе ме поттикнува да побрзам, но не ми кажува каде.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
22 Мими трчаше пред сите, ја отвори влезната врата откај улицата кон градината и застана зачудена: темјанушки, нарциси, зумбули, лалиња...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)