околу (предл.) - стожер (имн.)

Црвен коњ како црвена луња светка на месечината. `Ржи, трча низ ноќта околу стожерот, Скока врз згаснатото сонце на ожнеаното класје И жестоко го втиснува со копитата датумот на јули врз огнот на заспаните љубовници.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ќе вртиш цел ден околу стожерот, ќе цапаш низ населените снопје дури да го истресиш зрното, да ја изџвакаш сламата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После ќе излезам во гумното, ќе завртам околу стожерот, вршам околу куќата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)