од (предл.) - обично (прил.)

Во суштина чувствата и емоциите во туѓина се секогаш поизразени од обично.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да сакаат да се вклопат во општото расположение, ракетните бомби сега убиваа поголем број луѓе од обично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Џулија беше за нијанса побледа од обично, така што нејзините дамки јасно се истакнуваа, но и понатаму храбро гледаше во О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како и обично, Винстон одвај погледна во Џулија додека одеа во пресрет еден на друг низ толпата, но при брзиот поглед што го фрли врз нејзиното лице, му се стори дека е побледо од обично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
XXXIX Следното утро, Климент Камилски дојде кај Татко многу порано од обично.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Светлината што изгледаше посилна од обично, паѓаше врз неговото лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)