од (предл.) - пресен (прид.)

Уште првата ноќ по муслиманскиот погреб во новата џамија на ибн Бајко, Тодора викна двајца кулукчари и тие го откопаа од пресниот гроб телото на Петрета.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Селото навистина веќе мирисало на свадбарски чорби од пресно бравско месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доколку сосетката со златни дамки на лицето се омажи, се скраси намалена во сенката на заштитникот, нивните исчукани домаќини со темни сенки под очите од неспиење ќе се смират и не ќе скокаат ноќе од сламарниците и рогозините да се движат призрачно нечујни по селото како плеснати по тилот со биволски опаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со времето ќе никне гороцвет и синчец во пресни зори ќе тагува над нив: ќе израснат млади фиданки на бели брези со гранки спуштени ко долги плетенки со одблесок на сребро... лете роса од пресна зора да ги лади, зиме со златно лисје да ги тажи и на пролет јата славеи да се збираат во нив и на сето грленце песни да им квилат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Божем нежив човек, туку сениште излезено од пресен гроб.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)