од (предл.) - небесен (прид.)

Те зафаќаат далги што ветрот ги откинал од небесното море.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
По неколку часа спокоен и среќен, со ангелска леснина, носен од небесно ветре, летав кон својата татковина, кон дома.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој стоеше над неа, гледаше во мене и се смешкаше, и јас видов дека во раката држи калем од небесна лач, калем каков што дотогаш не бев видел; се смешкаше благо, благоутробно, понизно, молежливо, благодарно, со чиста љубов и милост кон мене, и јас гледав во тие негови очи кои сега зрачеа со жар тивка, жар што долго и бавно ги грее душите на ближните, жар непакосна, нужна за живот, како сонцето што дава топлина, како мудроста блага, а не како пламенот на суетата, слама пламната, оти сонцето дава живот затоа што не пали и гори, туку загрева и стоплува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сетете се за светскиот победител, за светската слава на Македонија великиот Александар Македонски; сетете се за храбриот цар Самуил, македонскиот великан, за прекрасниот Марко Крале општословенска слава, – дека во нив течела македонска крв; тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започнато дело.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
2. Точка збор, вулкан, булка - Во сонот и сонувањето, Во радоста и тагувањето, Јатка во матката, лулка Од небесно ветре лулеана, Песна уште незапеана, Дом и пристан, монистра Од ѓерданот, бемка на вратот.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Преку глава ни е од Германците и од небесниот град што се дави под облаци и од келнерите без кои шведската маса е бесмислена...
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Европа Ах ти прелепа божице што богот наш суров без поштеда и пардон те опаша грубо сега освета слатка ни спремаш судбината ко џамаданче ни ја кроиш и приспивни бајки ни редиш но не во сон сладок ами во очај и летаргија нѐ фрлаш Ах Зевсе ненаситен манијаку сексуален никаквецу од небесна сорта што несреќа на врат ни врза што грев в мозок ни жигоса та ни камшик ни пост велик оттаму не може да го истера Ах милост имај божице сјајна еве на колена клечиме пред портите на домот твој златен петиците ти ги целуваме прошка дај ни за гревот наш древен и прибери нè внатре бар малку тело запустено да одмориме и душа грешна да згрееме подај ни сал трошка од трпезата ти божеска и вечно името твое ќе го славиме и пелтечиме Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)