од (предл.) - многуброен (прид.)

Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Растргнат од многубројните неуспешни обиди да направи слика, сликарот сега првпат осети нејасна радост од средбата со онаа непозната мома, која секое утро поминуваше со својот сад, му пожелуваше добро утро како на стар познајник и си одеше пак нагоре тихо, незабележано...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Оттука е јасно оти ако новото течење и не добие некаква поддршка од многубројната интелигентна македонска колонија во Бугарија, пак ќе се развива, само ќе се развива веќе како течење насочено специјално против бугарските интереси во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во Крапиштето направи колиба колку да се заштити од дожд и ветер и да се замаскира од многубројни езерски птици што тука живееја.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Наоколу беа видливи остатоците од минато вечерната седенка: отпушоци од цигари, наполнет пепелник, тук- таму понекое парче залутана пепел од многубројните цигари, празно шише од најубавото македонско вино, и нечисти чаши, на кои останале отпечатоците од прстите на гостите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во гимназијата и на универзитетот Хегел не покажувал никакви знаци на исклучителни способности, бил повеќе прилежен и уреден колку што обдарен, и по се изгледало дека ќе стане еден од просечните доценти на некој од многубројните немски универзитети.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)