од (предл.) - младешки (прид.)

Така правевме неколкупати, од младешки бес (ја исмејувавме сиромаштијата!), а луѓето зјапаа во нас; еднаш зјапаа и некои девојчиња и се кикотеа, и јас се сеќавам дека поради штосот со чевлите тие се забавуваа цела ноќ со нас, а ние ги потрошивме и последните пари; решивме да ги одведеме во кино, но таму не нѐ пуштија со по еден чевел; Земанек се расправаше, и потем ги продадовме картите и отидовме во кафеана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Комисијата за проучување на заоставштината на Г.М. на И. , составена од наши еминентни стручњаци, по деталното разгледување на обликот на буквите, како и на мастилото, заклучи дека записот на првата страница од жолтата тетратка веројатно потекнува од младешките денови, пред доаѓањето на младиот мајстор во Градот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)