од (предл.) - штала (имн.)

Ноќта во шталата Мијалче зема една недогорена гламња од оганот, па легна на крајот од шталата, до вратата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сепак вујко ми Иле, добриот вујко Иле, кога тргнав, на разделба, кога му подадов рака за да се поздравиме, се колнам, ја остави вилата, го вадеше гнојот од шталата, си ги позабриша рацете од колената и пазувите, ме прегрна толку силно што чинев сите коски ќе ми испукаат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Наредија мажот што нѐ возеше во коњската кола да се повлече во аголот на десната страна од шталата. Таму го заклаа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Цртал со креда од цигла по целиот пат, од шталите до Лозарството.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)