од (предл.) - шамија (имн.)

Извади прво ново кошулче од конец, мора „копитата" кошула, саѓија со срмени кистови, појас, алова фута, чорапи, калци и гуна со чоа. Од шамии најдоа десетина гушалчиња, тулбени, ќилими ...
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Солзите си ги забришувам со работ од шамијата и куцам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Светлана бришејќи ги солзите со крајот од шамијата, ја гушна својата мезимка и прошепоте.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бабата се растревожи, ги забирша очите со крајот од шамијата, се сврте кон необичната слика со жена и децата под која гореше малото оганче, се прекрсти три пати и тивко изговори: - Блажена Девице Маријо, сполај ти, и тебе, и на Господа, за сите добрини што ни ги праќате на Земјава.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)