од (предл.) - чардак (имн.)

Се истрча надвор, зеде една рогузина од чардакот и едно најискинато покровче, ги внесе дома, ја посла рогузината на женскиот кат, го зеде коритцето што ги капеше нејзините деца, го кладе зглавје надолу со главата (така лежат леунките по Мариово) и истрча долни крај кај јаслите да види што направи Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка беше пред порти. Го забележа уште од чардакот, кога чекореше крај Дрвениот мост.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во Перт има еден Преспанец кој како и сите добри домаќини си направил куќа чардаклија за од чардак севезден да ги пули ѕвездите како низ трепети му испраќаат ишарети од родниот крај што само тој ги разбира.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Од чардакот мина во малата собичка, во која проживеа само два незаборавни месеци заедно со Крстана.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Откако Татко со семејството се вгнездија во судбината крај реката, Татко беше постојано обземен од тврдината Кале, не престанувајќи од чардакот да го преселува погледот кон далечините кога беше најмногу замислен и не можеше да најде вистинско решение за мислите што го обземаа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко од чардакот го гледаше својот пријател како заминува по кејот во правец кон Дрвениот мост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка несетум се искраде од чардакот оставајќи ги хероите да се докажат на јазичното бојно поле.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко го забележа од чардакот уште кога тој се доближуваше кон нашата куќа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Почнаа да викаат за помош, се разбудија соседите, дотрчаа, започнаа и тие да помогаат, да влечкаат садови со вода, да гаснат; се фрлаше вода на пламенот кој сѐ повеќе се ширеше и ги зафаќеше сувите плотици од чардакот и се качуваше нагоре кон одаите; коњот исплашен во кералот, напна на оглавот, го скина и излезе низ запалената врата бегајќи и 'ржејќи панично.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Забележав јас уште од почетокот дека некој нè дебне... му рече Бонети на Стивенс гледајќи од чардакот што се случува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сега, точно на залез, јарко блеснува крстот на една камбанарија и една птица само ќе прелета од чардакот и ќе застане на крстот.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Од чардакот на нашата стара куќа, која во последните години со жена ми Агна ја услагодивме за живот - го подредивме чардакот, ги сменивме диреците и веќе скапаните штици на подот, ги обновивме искривените рамки на прозорците, ги варосавме бело собите, ги урнавме, со голема тага, гнездата на ластовиците, ставивме тешка спорогоречка печка за топлење зимата, го проветривме тешкиот метален сандак кој го имаше задржано мирисот од пред седумдесет години кога бил донесен од Америка - гледам како се спушта пределот кон долината од чии млаки се креваат пасма пареа кон небото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И тој ми зборна нашинцки и ми зве р’ка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јаска остана сама о мрако.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И по п’то ме фати виулица, снег, мислиш, фрла некој со шепи. А таму, на Стените, бој се биеше.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од чардако урва ена жана и нешчо ме опита на албанцки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мајка ми никогаш го немаше видено татка ми толку забрзано да чекори од едниот до другиот крај на собата, од чардакот, од дворот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
XX Мајка, загледана од чардакот во солунските галеби кои повторно се враќаа и застануваа на малото островче на реката, продолжуваше да го прелистува, по којзнае кој пат, својот каталог на италијанската стоковна куќа Ла Ринашенте, од пролетната мода во Италија, во 1949 година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко остана во библиотеката, Мајка ја фати дремка, на миндерот од чардакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Слепата Донка викаше од чардакот на нејзината куќа по луѓето да не ја остават сама, да ја земат и неа ако бегаат некаде, но никој не ја слушаше од плускањето на дождот; како што водата растеше и ја зафаќаше куќата, така и Донка бегаше од долниот кат на горниот и пушташе камен врзан на конец, пласкаше по водата за да чуе до каде е нарасната.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)