од (предл.) - храм (имн.)

А се помни, не дека не се помни, дека кутриот војник Мансо де Легисамо една ноќ под јасна месечина изгубил на коцка цел еден златен ѕид од Храмот на Сонцето во Куско, што му бил доделен како воен плен.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Излезе ибн Бајко надвор од храмот, измазнет и бел во образот, како од бербер да излегол, намачкан со ѓулсуи и тие други берберски марифети. Срцето му тупотеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Штом ќе излезела од храмот променета, просветлена и ведра, благословена од Бога, почнувала со секојдневното сновење: од чистењето на храмот и на иконите до спаструвањето на пилињата и на кутрињата, од тимарењето на кравите и на телињата, до последното скалило на камбанаријата итн., и тоа со ред, со усул, без тегоба, без жалба, без замор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Подоцна, кога често патував по светот и со подеднакво чувство на релативно верување влегував во катедрали, цркви, џамии, синагоги и пагоди, па оттаму во моите текстови се обидував да ја пренесам истата тишина од храмовите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Шетаат низ урнатините и водичот им покажува и објаснува: „Ова е главниот плоштад - Форум, ова се киповите на Јупитер, Јунона и Минерва; овдека се остатоците од храмот на Аполо, овде пазарот, градските бањи, а ваму крај брегот на рекава, театрите и големиот амфитеатар на кој присуствувале и по дваесет и пет илјади гледачи за да ги гледаат борбите на гладијаторите; на оваа страна имало убави куќи и вили меѓу кои се истакнувала вилата на Цицерон; по должината на оваа улица биле крчмите во кои се пиело и веселело...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)