од (предл.) - пченка (имн.)

- Господе, ќе го покријат сонцево, ќе го заградат, велам и примижувам, застанувам меѓу огништата од гравот, од пченката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ѝ, велам, копаме така наредени меѓу огништата од пченката, а мотиките само с’скаат, само касаат од земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе подугаснеш малку и пак почнуваш да прашиш. Ја подберуваш нивата пред себеси и ја поштиш покрај секое коренче од пченката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)