од (предл.) - пушка (имн.)

— Му реку јас побрго да се влечкаат оти ќе и згашчи Бахтијар, а тиа како брливи се заврткале тука!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но уште убаво не беше разденето — почнаа грмежи од пушки и бомби на ЛиЃураса, која беше на пет-шест километри од селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Каде ли се Иван, Циле и Горѓи што ги нема да се јават? — се прашаа во себе Тодор, Петре и сите живи четници, не можејќи да ги слушнат грмежите од пушките и бомбите од Ливада, каде и нив Бахтијар ги нападна, но благодарение на честата гора овие лесно се префрлија на Ленишко, кое не беше опседнато, та над самото селце го заметнаа трагот и удрија кон југ, заблудувајќи го аскерот со сражението на Лигураса.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но кога наврте на долот, на пет шест стотина метра од чуката, од растот испадна војник со пушката на готовс и громко извика: — Теслим, бре ќерата! — и просто му ја допре цевката од пушката на Милана в гради.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се разнесе грмогласно „ураааа!“ од четиристотини грла и залпови од пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој кај чаушот, та дојде и до јузбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Браво! А од каде знаеш дека овој дел од пушката е кундак? - праша инструкторот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Него ти имаш ли намера да се жениш? - го прашав ко од пушка Тогаш Шољич ја лупна чашата од маса, отиде до дивидито и неочекувано ја рокна „Ерген одев мајко поарно ми беше” , а атмосферата во дневната набрзо се вжешти.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Освен ровот и униформата, сѐ друго беше како со овците во Брезница кон каде што сега Шишман ја имаше навртено цевката од пушката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но од свои причини, Французите не можеа да отстапат, па во еден момент едниот, а по него и другиот, се тргна назад, се фати за ременот од пушката, се вкочени и заповедно им го покажа патот што води право кон Ливаѓе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Рада, шегувајќи се, како од пушка му даде одговор. - Одам за Австралија!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Под шлемот му ѕиркаа очите со остар поглед и потспуштени веѓи; мустаќите тукушто зарастени; воврен е во долг шинел; со едната рака го држи ремникот од пушката обесена на рамото со бајонет кој излегува од сликата; под работ на шинелот му се гледаат камашните изврзани од цокулите па нагоре кон колената; зад него ров со бункер од кој излегол да се слика; и дрво осакатено од граната како удрено од гром.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но бидејќи полека се навикнуваше на мракот, со двете раце се држеше за ременот од пушката што му беше обесена на рамо, главата ведната и мислите или во гаражата на мајсторот Ратко или на корзо каде што во Охрид беа девојките, тој просто полека, нога за нога, шеташе од аголот на училишната зграда до попречениот ѕид обраснат во капини и назад.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Каде работиш?“ „Никаде“, му одговарам како од пушка, и веќе не сум исправена, се подвиткувам и се трудам да заличам на некој кој секој први во месецот оди на завод да се пријави, а не морам - и онака по влечките веќе ме изжали човекот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Додека поворката се движеше по главниот сокак, одеднаш се чу пукот од пушка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Одеднаш ноќта ја разбрани далечен истрел од пушка. Долета откај Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Рацете знаеја што да сторат. Се најдоа во тој миг со оној огромен нерез, со она грамадно ѕвере, какво што Змејко немаше видено ниеднаш во својот живот до тој ден, така заедно, што тој ниеднаш не знаеше да каже сосема сигурно кој од нив се покрена прв; дали прво тој ја повлече ногата од пушката, или пак самјакот отскокна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Страотна ноќ... ... Некаде по полноќ, од спиењето ги разбудиле пукотници од пушки.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
ИЛИЈА: Жив за среќата на малечкото да не е сироче, а за поразот од кир Ристаќија! (Арнаутите навлегуваат и ги навртуваат кундаците од пушките кон присутните).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Кога човек се плаши од пушка, вели Лазор Ночески, тогаш пушката повеќе пука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го вадам ножот од пушката, пушката ја оставам, и се измолкнувам од окопата, ја префрлам. И лазам со ножот в раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)