од (предл.) - публика (имн.)

Една од претставите на репертоарот беше „Мармалад“, претстава која на годинашниот МОТ ги собра сите симпатии, како од публиката, така и од стручното жири.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Авантуризмот го движеше во погрешна насока, додуша, сѐ уште има такви кои мислат дека голтањето туба со темперна боја за да се прибере аплауз од публиката е херојство и невидена храброст.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Патем, сите си ги земаат букетите цвеќиња од публиката (или од дирекцијата на театарот?), аплаузите очигледно не можат да ги понесат - тие се тешки како венци на мртовец.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Третиот господин од публиката крај бунарот, Џорџ, Ѓорѓи Шумка, човек со грло и со глас што ги раскостуваше ридјата наоколу, рече дека се копа на погрешно место, дека тука вода не излегува, но дека местото е многу добро за гаража. „Јес, мистер“, ми рече мене, „добро е за гараж“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Заменикот на Водачот се повлекува со френетичен аплауз од публиката и гордо крената тупаница како поздрав.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Забелешките упатени кон мене како кон дел од публиката од страна на непосредните чинители на театарскиот израз, се многубројни, но јас, колку за илустрација, ќе издвојам неколку: - Актерката пред почетокот на претставата: „Секогаш знам кога си во салата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Ќе си купам топ!“се фалеше Бебек, а сите од публиката беа готови да му се потпишат како жиранти, ако за купувањето требаше да подигне кредит.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Реагирањето на учителката од публиката, за Јан Босе било интересно колку што и самата претстава.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)