од (предл.) - простор (имн.)

Ги одбираше Тој зборовите На Јасмина Шопова
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ги одбираше Тој зборовите, ги лачеше еден од друг, ги довикуваше од просторот од тишината и од вековите, од облеката и од празниците, од сите пештери и од сите жетви ги собираше, им се умилкуваше, ги галеше, им шептеше, ги средуваше во мали врзопчиња, ги подучуваше и им се подналутуваше, им зборуваше и им појаснуваше дека за сите нив има голем порив да ги разигра, да им открие поинакви и поинакви значења за да не талкаат расфрлани и неразбрани низ сечија свест и низ сечии копнежи.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тоа се простори каде се чувствуваме моќни и апсолутно слободни, дифузната светлина на денот секојдневието го претвора во река со многу притоки.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Погледите кон бескрајните далечини нека нѐ полнат со живот, фасцинирани од просторот и леснотијата на енфермелот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа е момент кој во нашите глави трае вечно, нешто како кога застанува часовникот и сите наоколу се скаменуваат во вакуумот од простор и време, а постоиме само јас и тој.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тоа, листањето на книгата, би било една бесмислица ако не е овој сноп невидливи зраци што го предизвикува листањето на страниците и така го одредува просторот, оној дел од просторот за кој секој за себе е свесен, во кој ја има поместено својата стварност.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Стапалките се оддалечуваа од просторот и одеа кон планината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бланш, изолирана од просторот каде што беа сместени таблите со концентрични кругови, џубоксот, машините за играње со топчиња и автоматот за цигари - можеше да служи оброци по поволна цена и едновремено да води и профитабилен бизнис.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Досега објавувала текстови на електронскиот конкурс за литература, Електролит, во списанијата Маргина и Книжевно житие, а нејзините раскази се објавени и во збирката Зборник на поезија и кратка проза на младите од просторите на поранешна Југославија.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Меѓутоа, Хундертвасер „Fensterrecht“ не го предложува како свој уметнички каприц, туку со тоа начело мисли многу сериозно - целта на неговата акционистичка архитектура е секој, кој ќе осети потреба нешто да промени, не само во внатрешноста на својот стан, туку и врз фасадата од куќата во која живее, за на тој начин да го пласира својот идентитет и надвор од просторот на живеење, тоа може непречено да го направи, и тоа само до онаа точка до која допира неговата рака.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Константин З имено, во овој миг работи на еден голем и изискуван проект на новата влада, имено на „конечното решение” што е циничен германски еуфемизам за истребувањето на Евреите од просторот на штотуку ослободените Нови предели.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Над училишната врата се вееше знамето, издупено од куршуми и влеваше леснина и радост во душата: слободата довтасала веќе, па еве ја, еве ја овде меѓу нас, нѐ гушка, нѐ милува и го брани ова делче од просторот слободно да дише ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тунелот го привлече, понесувајќи го со својата магнетна моќ: надвор од времето во коешто живееше: надвор од просторот, каде што физички се стремеше со своето тело.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)