од (предл.) - причина (имн.)

Во новово време се згоди во едно претпријатие да одработам цели десет години ама правилата на животот се сменија и веќе одамна никому не му се подарува никаков часовник што секако е една од причините некои луѓе сѐ повеќе да се чувствуваат изгубени во времето а нивните души да скапуваат во контејнерите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Солидно е присутен „духот на починатата СФРЈ“, никако не од носталгични причини туку во обид да се биде конструктивен; имено, слично на Фројд (в. стр. 162 и сетете се на зборовите на Портогеси: „Загубата на сеќавањето, а не култот на сеќавањето, од нас ќе направи заробеници на минатото”) сметаме дека голем дел од причините за сегашните проблеми лежат во неразрешените минати недоразбирања.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
(Претпоставувам дека една од причините што Фикцијата и СФ-от им се толку блиски на помладите читатели е тоа што, во услови на простор и време прилагодени така да им овозможуваат на ликовите да патуваат слободно низ тој континуум, и на тој начин да избегнат многу физички опасности и временски детерминираности, смртноста е ретка тема.)
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На пример, се сместува покрај возачот, прилично долго поради тежината и веднаш почнува: Бев уште покрупен човек.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сепак, не би се осмелил оваа т.н. свечена популарност во комшилакот да ја означам како една од причините што анти(-)упатствата и натаму се множат без прекин.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тука, вработен маж ти е полоша варијанта од невработен, од причина што и овој првиот не зема плата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Една од причините, веројатно, е таа што Гоце помошта ја условувал (да се подготвуват, но да не преземаат ништо на своја глава), додека Сарафов, кој не водел сметка за последиците од било која акција, тоа не го правел.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се разбира, можев да си претпоставам за некои од причините на Таша, а можев да си го замислам и одговорот на Иван, и тоа пред да го поставам ова прашање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
66 „Тоа е еден дел од причината зошто.“ „Па“, рече тој станувајќи, “што ќе правиме ние? Ќе ги измиеме ли садовите?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)