од (предл.) - притисок (имн.)

Едновремено со активностите во Западна Македонија бугарските и германските единици презедоа и низа активности против единиците на НОВ и ПО на Југославија кои дејствувале во реонот на Куманово-Врање-Црна Трава и оние кои дејствувале во реонот на Тиквеш и гевгелискиот крај со цел да се ослободат од притисокот на комуникациите низ Моравско-вардарската долина.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој е полн и црвен во лицето, страда од притисок но не може да се откаже од чашето, - се подистави малку со главата наназад, зашто е далноглед и не му помагаат многу ни очилата, а и книгата ја истава со левата рака и ја гледа некако искосо.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сепак, постои тенденција во пост­колонијалниот свет - најмногу поради тоа што многу од притисоците од колонијалниот или империјалниот период се сѐ уште присутни - да се преувеличува национализмот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ми се слоши, мислев дека ме изрешета, главата ми прсна од притисок, а богами и страв.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Жена му Рада почина од притисок. Стално 180 со 120.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Затоа кон типичните обележја на историскиот фашизам припаѓа апелот кон фрустрираната средна класа, која страда под економска криза или под чувството на политичко понижување и којашто се плаши од притисоците на социјалните групи одоздола.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Земјата започна да се стабилизира и продолжи и натаму да ги почитува фундаменталните вредности на бургибизмот, врз кои и почиваше долги години нејзиниот просперитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И дипломатите се ослободија од притисокот на сарајските борби за превласт, особено на бројните претенденти од опкружувањето на несреќниот владетел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Раздвижен круг од вода, бран кој успешно ја криеше својата тајност, претворајќи се во тврда, или гасовита форма, преоѓајќи лесно и брзо од еден во друг вид, пред да може човечкото око да ја регистрира таа промена, која, пак, во зависност од притисокот и температурата на воздухот се трансформираше во дел од секундата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Понито со лице на Данте Алигиери, водено од притисокот на Семовите колена, го носеше тој залутан минстрел шеснаесет милји југоисточно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Чекор по чекор нежни, слатки цвеќенца ја ширеа аромата во нежно забрануваната прерија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)