од (предл.) - помош (имн.)

Нејзините домашни сѐ помалку ѝ беа од помош; старите старееја, а браќата и сестрите ги зафати бранот на градскиот успех па си ја гледаа работата и живеачката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Му ги собрале парталите и оние неколку парички што му ги дале добри луѓе за душа на своите мртви, мислев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ни најмалку не си ми од помош“, рече таа. „Ниту најмалку.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Весел: Гледам не сте многу од помош. Марш дома! Веднага!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Морав да бидам многу внимателен, да ги избегнам теориите на деконструкција, зашто тие не се од помош при разјаснување на проблемите што можат да го приближат техничкиот свет до јавноста и до умните луѓе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Најпрвин треба да се каже оти по македонското прашање нема никаква разлика помеѓу погледите на руското општество и народот, од една страна, и владата, од друга, а има само разлика во степенот на интересот за него: општеството и народот многу помалку се интересираат од владата што се гледа од помоштите за Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најпрвин се плашеше од помошта моја. Го апнала змија, сега бега и од гуштер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)