од (предл.) - плевна (имн.)

Бабата Стаќа се направи да не разбра што бараат, та тивко одговори: — Не се тука машките, ефенди, не се тука, утре ќе си дојдат од колибата, — и сакаше да ја затвори вратата од племната, — но еден што разбираше по нешто македонски ја кладе ногата на прагот, ја задржа вратата и ѝ се овргали на старата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа зафатија силни ветрови да дуваат и го спотераа дождот; дуваа од сите страни, дуваа и од височина, се креваа и од земјата, налетуваа во бранови со прескокнување, со бучење, со завивање; ги витлеа короните на дрвјата, носеа со себе откинати гранки, валми сено и лисја и сѐ што можеа да соберат; носеа и сламени покриви од плевните, ги тресеа прозорците на куќите и втеруваа страв и во луѓето и во добитокот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Богдан го поправи и сламениот покрив од плевната, за да не прокиснува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Четвртиот ден ја отвори вратата од плевната и во неа влезе, во рацете со копач и лопата, со бургија, со кламфи и клинови, со колци и токмаци и тука чиниш во земја пропадна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
I Куќите од селото се раштркани која каде: едни крај езерото, други крај реката што слегува од планината и тече низ селото; реката е суводолица: лете коритото е празно, исушено, како оглодана риба; во пролет и есен водата надојдува, плави, луничи, бучи преполнувајќи го коритото и влечкајќи со себе сѐ што ќе најде по патот, се разлева, ги подлокува трапчињата, сокаците, ги урива мостињата и плитарите од плевни и кошари и ги влечка со себе растурајќи ги во езерото каде што се влива; луѓето трчаат по реката и си ги собираат во езерото однесените работи: греди, штици, каци, ношви, буриња, кошови, сандаци, и по некоја живинка што не се удавила; вртат со чамци, ги собираат или ги туркаат кон брегот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
До вечерта не излезе од плевната. На вечерата, кога се собраа сите, ниту еднаш не ги погледна момчињата. Их!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Прва грижа му беше да ги пушти надвор овците и говедата, кои беа затворени во долниот дел од плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Многу од плевните и кералите испопаднаа, а добитокот луѓето го префрлија во куќите, во одаите и спиеја заедно со него.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По мравките дојдоа ветрови; налетуваа, како луди коњаници му ја зашеметија главата на езерото, го збрлавија; потоа се нафрлија на селото, ги однесоа сламените покриви од плевните, ги кренаа послабите чатии и оџаци на куќите, ги орезија вратите, прозорците, ги испокршија дрвјата и спраштија некаде.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Значи, можам овде уште да додадам дека од плевната на Басотови, во планината и во борбите се вратив без некои посебни оптеретувања и обврски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
2 Земјата полека се ослободувала од дивиот мраз кога двајца идни воденичари и посници без апостолник и без расо дошле во манастирот на светецот Никита да побараат благослов од игуменијата Минадора.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Темна и широколика, подвиткана од долги и осаменички дни и ни малку светица од икона, таа се враќала со секира преку рамо од плевна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од плевната ништо не се гледаше: пламенот сѐ повеќе лижеше наоколу, не оставајќи никој да се доближи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Богуле, уште пред да дојдат тие, ќе се качеше на петаврите од плевната и ѕиркаше озгора гледајќи ги легнати на сеното.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)