од (предл.) - олово (имн.)

Чекорев по патека што дивечот ја длабел по слабините на Осогово низ години, низ векови, додека бегал од камењата, од стрелите, од оловото.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Стежнати од оловото на дождот туку што не попаѓале.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Се раскуќуваше додека ја лечев Од бубачки, црвја и лоши зборови Од страв детски, од лутеж, од несон Од искра на наковална, од олово Стежнато во сачмата на крвта.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Тој го измисли најголемото чудо на овој век - печатењето со подвижни букви лиени во смеса од олово, калај и уште нешто што го заборавив.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)