од (предл.) - ноздра (имн.)

И се струполуваат врз своите сенки во најстрашни маки: од ноздрите им капе лилава крв, очите прскаат како костени на огниште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од ушите и од ноздринките ѝ се подаваше црвено пасменце волна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Виснатите мустаќи му биле црвени. Од ноздрите и од устата со долги заби му бликале крв и јад.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И почнува: и младите и старите поцрнуваат, се сушат, бладаат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од ноздрите му излегува пареа и снегот му се топи околу устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
11. НЕ УМРИ КОЊУ ДО ЗЕЛЕНА ТРЕВА - до првото орање, до ѓубрењето барем, потоа од ноздрите и облаци да креваш ќе се најде понов, веќе помек јарем...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)