од (предл.) - мост (имн.)

Може да се наведе и фрлањето од мост во река, но за оваа варијанта да биде комплетно успешна подобро би било да си стаите камен потежок затоа што често се случува со падот во реката да ви се јави инстиктот за преживување и Севишниот да ве врати повторно во живот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Навечер, кога заоѓаше сонцето зад ѓерданот од мостови на Сена, Климент Камилски се враќаше среќен во хотелот, како победник над заминатиот ден чија смисла не можеше никој друг да ја разбере, освен него...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Земјата на париските букинисти се ширеше од мостот Мари до вечниот Лувр, од мостот Сији до мостот Роајал во целиот Латински кварт и VI арондисман.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И во следниот миг, рече: „Збогум Луцијо!“; го фрли куферот крај пругата и се фати за металната конструкција на мостот од десната страна; се искачи, вешто, како гимнастичар на разбој; се качи на врвот и стоеше на последната греда од мостот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потем сѐ се случи многу брзо: експресот се појави зад кривината со страшно трубење; машиновозачот беше притиснал на сирената, затоа што јас стоев на пругата, а Јан Лудвик, расчекорен на самиот врв од мостот, со раскопчани панталони, со фалусот во рака; јас потрчав десно од мостот и се стркалав по насипот; се сопрев дури пред реката, во една грмушка; локомотивата протатне под Јан и веќе влегуваше во тунелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Осамени меѓу прастарите стебла Ја слушате виолината на Марин Сореску, А потоа долго Жан Пол Гибер Ви го толкува лицето на благата смрт. (Сина вода блика во сеќавањето: Од мостот на Незвал Гледате жена во множина).
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
И, од мост под мост, ме прејати во реката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од ваква старомодна шега во Париз не се засмејуваат ни бронзените морски деца од мостот изграден преку Сена во чест на некогашниот руски император.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Меѓу работниците настана нерасположение, а кај народот мрморење дека од мостот нема ништо да биде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Без страв, ослободувајќи се конечно – веруваше, во еден морбиден налет на радост и студ – беше крај неа и ги рашири и таа дланките, одбивајќи да мисли, а жената од мостот се притисна во нејзините гради и двете се прегрнаа, здрвени и молчаливи, на мостот, со раздробената река што удираше по столбовите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мора да е таа, бидејќи ги почувствува влажни образите и болка во самата јаболчница како од удар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На петнаесет дена пред Митровден, народот што ја минуваше Жепа преку греди, малку погоре од градилиштето, забележа првпат дека од обете страни на реката, од темносиниот камен од шкрилци, се задава еден бел мазен ѕид од делкан камен, преплетен од сите страни со скелиња како со пајажина. Оттогаш секој ден растеше мостот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)