од (предл.) - куп (имн.)

— Море, да не не собере сете, вака џумле, и да не нареде крај зидот, да не истепа, та јадењето ќе го простиш — проговори четврт.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие креваа камења од купот што ги растовари мустаклијата дојден со ѕевгар волови, и ги пренесуваа кон купот крај камбаната, од каде ги поземаа ѕидарите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Секој од нив зеде по еден измастен метален подавалник од купот на крајот од пултот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во густините на подземниот чад се извеле од купови јајца срдити скакулци да ги мачат безбожниците сто педесет и пет дни; главите им биле душмански, со женски коси и со ѕверски заби и имале скорпионски опаши со отровни жила: луѓето ја барале смртта и не ја наоѓале, и сакале да умрат и смртта бегала од нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од купот слегува Мисајле Ковачот и вели: - Ако сте дошле за посатки не стојте.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Море, кој сака нека биде, лели помислил за сиромашчината, да му се златни рацете! — се јави некој од купот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе Паша се има поткажано некаде и агите — ајде по села за Кркање, краста да и јаде — одговори некој од купот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Небото немало ни капка синило на себе, земјата пукала под тежината на гревови, чиниш сиот свет бил содомско-гоморска арена на блуд, на измами, на пакост и среброљубје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)