од (предл.) - здравје (имн.)

„Оваа пролет и черешите не знаеја колку да раснат! Пукаа од здравје!“
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но внимавајте, таа пука! А од што пука? Пука од здравје, се разбира.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Снагата што пукаше од здравје и енергија почна да му омлитавува, да ослабува, да се суши и да се смалува, така што износените костуми му се мавтаа како околу сарак за бостанско плашило.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сестрите пукаа од здравје и немаа ништо под мантилите.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)