од (предл.) - дупка (имн.)

Доста од дупката на вратничето од ќералчето го виде Илка кога го даваше здравоживото и го гледа сега кога седна со старците на постелата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе ја издупчат агите и ќе нѐ видат, — се притапка Јован и ја кладе и тој својата манлихера на една од дупките.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Едно време Шишман го ведна погледот и додека сега Србин го држеше на око, овој продолжи да го исчепкува камчето од дупката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јован излезе од дупката и се качи горе, а потоа двајцата застанавме до купот земја и камења.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сите оставаме сѐ крај себе, јас оглавникот на маската, Пандил кофата, Јован и Вангел излегуваат од дупката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
ЦОНКА: А и ни умреа неколку деца што ни ги крсти тој... (Плаче усилено да побуди сочувство.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А овие изрипаа од дупка како сотони од пекол, па, ти си ни кум! Циганска работа! Тоа ли е ред!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Од дупката се појави глава со долги виснати мустаќи. - Еј, има ли некој?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И, колку да излезам од дупката, нешто ми ја нагазува раката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Борис Калпак воздивна. „Ми го подари Трипун Караѓоз. Се плаши - ќе му ги исече некој прстите и ќе му го земе, како што тој го симна од мртвата рака на злодејот со чалма.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дојде Чучук-Андреј и рече со пелтечење дека луѓето сакаат да појдат и да го извадат избеганиот Онисифор Мечкојад и од дупка на гуштерица ако треба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)