од (предл.) - досег (имн.)

Бог го кренал светот повисоко од досегот на мојата рака и го спушта на моите плеќи како ќе му текне.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Најважното и најкарактеристичното, изгледа, често останува надвор од досегот на свеста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога се чу за тоа во Потковицата, Началството на Потковицата по заповед на Комитетот од Прилеп, плашејќи се за животите на преостанатите деца Младенови и Спасиини, двете веќе возрасни девојки, Марија и Акинија, ги омажи за свои луѓе од делот на Македонија под грчка окупација, во Солун, далеку од досегот на српските власти, а двете помалите, Софија и Нектена, ги испрати во Крушово, кај вујковците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)