од (предл.) - војска (имн.)

Дури најпосле не се зададе полека, кротко, со сите свадбарски церемонии сериозниот дел од војската — со сите главешини: стариот сват, нункото, деверите, меѓу кои и зетот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но и кога земените од војска не се вратија, стигна абер дека останале да лежат таму на бојните полиња за слава на империјата и неговото височество султанот, Руса пак продолжи да го чека Јована.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога во 1941-та, на сам ден Благоец, 24 април стар стил, фашистите ја завојуваа Потковицата, него, меѓу првите, го собраа војска, а кога, пак, го пуштија од војска, го поставија да биде писар во општината во Тополчани и го вооружија со пиштол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Божем да се бранел од комунистите, а всушност го направија кодош, па тој и тогаш се однесуваше кабадаиски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ноќта ја поминавме во блискиот мотел и повторно ја доживеав­ме онаа момците-во-една-соба-а-девојките-во- друга сцена, иако некој непрестано ја убедуваше бабичката која го водеше мотелот: „Не, слушајте, всушност, ние сите сме педери“.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
(...) Стерлинг беше презафатен со барање психијатар кој ќе го ослободи од војска.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога фатија да бараат место каде да приседнат сфатија дека се нашле во црвјалник од војска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Мораш да рескираш за да добиеш. Башка, бегам од војска. Ти зошто тргна?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Од пасошот ја извади адресата од својот другар од војска, Марка Кравата, кој сега беше во Канада и ја стави во кесето на сигурно место.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Врвам покрај ,Баљшој театар" и гледам затнато е од војска, полиција, булдожери: го уреваат споменикот на Сталин.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Завршувањето на војната луѓето го прославија шеметно: ја собраа сета комина што ја имаа по бочвите и каците и ја турија во селските казани да се вари; црпеа луѓето со чашки, со канчиња, заграбуваа со грсти уште од првата протока и пиеја; пиеја како да се натпреваруваа кој може повеќе да испие, кој може побргу да се опијани, збрлави; се бацуваа меѓу себе, се гушкаа, се миреа скарани, си ги отпетлуваа кошулите на градите и си ги даваа срцата еден на друг; ги собираа шлемовите од војските расфрлани по бавчите, ги навираа на колови и ги гаѓаа или се мочаа во нив; трчаа по секое преживеано добиче да го колат; се правеа заеднички гозби на широкиот пат крај езерото; кој како ќе донесеше нешто за колење, така луѓето викаа: „Придај господе!“ и му го удираа ножот; кој немаше добиче, носеше кокошка или петел; петлите, пред да ги заколат ги испијануваа со ракија: нивното кукуригање беше највеселото нешто: се натпреваруваа кој од кој посилно ќе пее.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Што е тоа толку даноци? Емњак вергоси, данок за земја, за секоја тапија четири грошеви, за ослободување од војска, 39 грошеви, бајије, пара од секој грош за продаден добиток, зибије, три грошеви од заклан вол, кантарина за мерење жито, отлакија за пасење добиток, осум грошеви за таскере ако сакаш да патуваш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Не стана готвач? - Сам се унапредив. - Предо, каде е маштрабата? Да се чукнеме со другарчево од војска.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Заедно со нашите Исмет и Марјета (подоцна Исмет ни кажа дека е полковник во пензија и дека воена академија завршил во Киев, дека по караницата меѓу Никита Хрушчов и Енвер Хоџа, бил отстранет од војската и пет години проживеал во логор), ја напуштаме улицата Ананстас Дурсаку и низ преминот што води кон центарот, врвиме по тесни сокачиња, мал остаток од стариот град.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мајка мораше да се врати од Солун, во Лесковик. Според предвидувањата и информациите на нејзиниот татко, тогашен префект во речиси развластениот Лесковик, од војските кои доаѓаа и заминуваа заедно со туѓите окупаторски режими, во Солун требаше да се очекува големата воена разврска, пресудна за Првата светска војна...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се зборуваше дека намерно истрчувал кај што паѓаа гранатите од војските што влегоа да нѐ ослободуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Си идам од војска, вели, идам откај Јона твој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)