од (предл.) - бука (имн.)

Прво си ги изодврза своите раце, а после почна да собира суви корупки и ветчиња од буката околу себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И откри дека она, што нему сето време му се чинело како стапки, било само празното трпеливо паѓање на грутките од тој стежнат окит од гранките на буките, едно такво зачестено паѓање на окитот, што се ширеше од бука на бука и што оставаше долу, во снегот околу стеблата, исти онакви трагови, како стапалки од некоја неповрзана дира.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Целата зградичка на пиланата напросто проигруваше од она поројно заплиснување на водата, што сега можеше да се слева по шупливоста од буката и да се распрснува, удрена во коритцата од турбината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По процепите од буката капеа тешки капки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа дебели, сурови праќе од бука, два, по еден од секоја страна вдолж по неговото тело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гранките од буките мрдаат и лисјето се превејува, се претерува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Над врвот од букиве е сѐ запалено, илјадници кандила, од илјадници души си светат. Си намигнуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си мислам што може да се изделка од буката: колку главини за колца ќе излезат, колку лактишта, колку оски, колку ќумур може да се направи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние се пикаме покрај корените од буките, се прпелкаме во шумките, се завиткуваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еднаш ќе ги видиме како делкаат дрвени сандали од бука, другпат како го збираат овесот од изметот на коњите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И отако ќе си замине крмакот, ќе слезе и мечката од буката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги отворам очите и гледам: над врвот од буките се наведнало сонцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)